Саакашвили на сослушување во службата за безбедност на Украина

Архива: поранешниот претседател на Грузија Михаил Саакашвили.

Лидерот на украинското движење „Партија на нови сили“ и поранешен претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, е повикан на сослушување во главната дирекција на Службата за безбедност на Украина (СБУ). Тој денеска треба да се сретне со главниот истражител во Киев. Адвокатот на Саакашвили изјави дека тој планира да се појави на сослушувањето.

Во пресрет на сослушувањето Саакашвили изрази загрижување дека украинските власти се обидуваат да негираат статусот на привремена заштита и да создадат услови за негово протерување од земјата. Тој рече дека очекува таквиот обид да биде направен за време на сослушувањето во Врховниот административен суд на Украина.

Саакашвили на сослушувањето ги покани сите, како што рече, кои не се рамнодушни на правдата во Украина. Тој тврди дека легално е жител на Украина и дека украинските власти „немаат легитимни инструменти да го екстрадираат во Грузија, каде е обвинет за злоупотреба на функцијата претседател на државата.