Русија воспоставува постојано присуство во базите во Сирија

Архива: Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија започнала да воспоставува постојано присуство на сили на нејзините две воени бази во Сирија: руската поморска база во Тартус и во воздушната база во Латакија.

Шојгу денеска рече дека рускиот претседател Владимир Путин минатата недела „ја одобрил структурата и персоналот“ и оти Русија започнала да формира постојана група на сили.

Во меѓувреме, рускиот Совет на федерацијата денеска го одобри законот меѓу Москва и Владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад за руските сили во поморската база во Тартус. Договорот беше потпишан во Дамаск на 18 јануари.