Британската морнарица соопшти дека следела руски воен брод во близина на британските територијални води во Северно море. Соопштено е дека станува збор за рускиот брод „Адмирал Горшков“. Русија досега не го коментирала настанот. Официјален Лондон неодамна оцени дека е зголемен бројот на руски бродови кои транзитираат низ британските води. Британскиот секретар за одбрана Гевин Вилијамсон по вчерашниот инцидент изјави дека Британија нема да толерира никаква форма на агресија.