Груевски му го предаде кабинетот на новиот лидер Мицкоски

Христијан Мицкоски

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска му го предаде кабинетот на новоизбраниот лидер на партијата Христијан Мицкоски.

„Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му посака успех во работа на новоизбраниот претседател Мицкоски, истакнувајќи дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните очекуваат мудрост и разум во одлучувањето, како и решителност во справувањето со предизвиците наметнати од Владата, пред се економското фијаско што и се случува на државата, безидејноста на власта, загрозената слобода и заробената држава“, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочил дека ќе биде насочен кон креирање на понуда за она што се очекува од ВМРО-ДПМНЕ да биде одговорна опозиција и жесток критичар на сите неразумни политики од владата.