Судот одреди притвор за останатите четири лица за настаните од 27 април

Архива: Демонстранти од иницијативата „За заедничка Македонија“ во Собранието.

Основниот суд Скопје 1 им одреди 30 дена притвор на останатите четири лица за учество во настаните на 27 април во Собранието кои се недостапни за полицијата, соопшти денеска судот.

Од судот наведуваат дека на лицата А.В., Н.М., М.Д. и Д.Д. им е поределена мерка притвор од 30 дена по нивното пронаоѓање, по добиеното известување од надлежните органи дека лиицата опфатени во предлогот на Обвинителството за определување на мерка притвор во врска со настаните од 27 април во Собранието, се недостапни за органите на прогон.

Исто така за лицата е дадена наредба за распишување потерница, наведуваат од судот.