„Евротинк“: Граѓаните незадоволни од услугите на јавната администрација

Архива: Шалтер за лични документи.

Само 18 отсто од граѓаните се задоволни од услугите на јавната администрација, соопшти денеска Центарот за европски стратегии „Евротинк“ презентирајќи истражување спроведено со Македонската платформа против сиромаштијата пред претставници на Министерството за информатичко општество и администрација.

Според резултатите граѓаните најзадоволни се од работата на Министерството за внатрешни работи, односно од службите за издавање на патни исправи, додека најмалку се задоволни од работата на центрите за социјална политика, а 63 отсто од граѓаните сметаат дека треба да имаат врски за да добијат некоја услуга во јавната администрација.

„Сето тоа укажува на клиентелистичкиот однос и недостапноста на услугите за сите граѓани. Ова се должи пред се на недостигот на финасиски и човечки ресурси“, изјави Дијана Жупановска од „Евротинк.“