Додик: Нема потреба од „Дејтон 2“

Претседателот на Република Српска Милорад Додик

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, коментирајќи го предлогот на американскиот конгресмен Мајкл Тарнер дека треба да се потпише „Дејтон 2", рече дека не е за тоа, туку за внатрешен договор без мешање на странци. „Босна и Херцеговина е далеку од функционална и тоа го гледаме во заедничките институции. Знаејќи како овие конгресмени, сенатори дејствуваат во САД, можно е да станува збор за нечие лобирање. Мислам дека нема потреба за „Дејтон 2“, вели Додик. Конгресменот од сојузната држава Охајо, Мајкл Тарнер пред три дена во Конгресот изрази загриженост дека мирот основан врз Дејтонскиот договор е во опасност и го повика државниот секретар Рекс Тилерсон да биде домаќин на Дејтонски мировен договор 2.