Турскиот спикер побара полесен визен режим за граѓаните на Русија и Турција

Претседателот на турскиот парламент, Исмаил Кахраман, денеска предложи да се олесни визниот режим за граѓаните на Русија и Турција.Кахраман истакна дека минатата година значително се зголемил бројот на туристите од Русија. Според него, бројот на руски туристи во Турција надминал 4 милиони. Тој додаде дека Турција би сакала да отвори турски културен центар во Москва.