Франција ги засили безбедносните мерки за празниците

Француската Влада ги зајакна мерките за безбедност ширум земјата и же распореди скоро 100 000 припадници на полицијата и војската поради страв од терористички напади за време на парзниците. Дополнителните сили за безбедност ќе бидат распоредени на божиќните пазари, во трговските центри, верските објекти, јавниот превози и на туристичките локации. Минстерствто за внатрешни работи сопшти дека 97 000 припадници на силите за безбедност ќе бидат распоредени поради превенција и тоа во текот на денешниот ден и утре, бидејќи нивото на терористички закани и понатаму е зголемено.