Неизвесно одржувањето на опозицискиот митинг во Москва

Поддржувачите на антикорупцискиот активист и опозициски политичар Алексеј Навални за денеска планираат митинзи во Москва и другите руски градови и покрај тоа што властите го забрануваат настанот во главниот град. Навални ја даде својата поддршка за настанот организиран од Илија Јашин, активист и сојузник на починатиот лидер на опозицијата, Борис Немцов, кој исто така е локален законодавец во Москва. Митинзите се совпаѓаат со годишнината од масовните протести во Москва, предизвикани од она што опозицијата и другите тврдеа дека беа измамнички избори за Државната Дума во 2011 година. Тие, исто така, се случуваат пред претседателските избори во март, кога претседателот Владимир Путин се очекува лесно да победи. Јашин го нарече овој настан "Ден на слободни избори" и планира да го одржи во московскиот парк Лермонтов. Меѓутоа, се чини дека планираниот митинг во Москвае доведен во прашање, бидејќи на 20 декември Московскиот градски суд го забрани настанот.