Десетина мртви во експлозија на бомба во Авганистан

Десетина лица загиналево бомба поставена покрај патот во јужен Авганистан. Омар Звак, портпарол на провинцискиот гувернер, изјави дека имало 10 жртви и дека точниот број на мртви сѐ уште не се знае. Локалните медиуми објавија дека меѓу жртвите има жени и деца. Според податоците на Обединетите нации, 371 авганистански цивили се убиени, а 432 други беа ранети од импровизирани експлозивни направи помеѓу јануари и крајот на септември годинава.