Во Данска уапсен сириски бегалец за планирање терористички напад

Данската полиција уапси сириски бегалец осомничен дека планирал „терористички напад“. Полицијата од Копенхаген соопшти дека уапсила 30-годишниот маж, затоа што со уште еден маж минатата година почнале да планираат терористички напад. Уапсениот човек во Данска е обвинет за обид за тероризам. Другиот маж е осуден во Германија.

„Тие заедно планирале да убијат или да повредат случајни минувачи на непозната локација во Копенхаген“, се вели во соопштението на полицијата.