Украинската Армија денеска соопшти дека еден од нејзините војници е убиен, а двајца се повреден во последните 24 часа во источниот дел на земјата. Во соопштение на Министерството за одбрана се вели дека сепаратистите поддржани од Русија 16 пати го прекршиле прекинот на огнот, употребувајќи снајпери, митралези и минофрлачи.
Во меѓувреме, сепаратистите тврдат дека владините сили 28 пати го прекршиле прекинот на огнот, употребувајќи пушки, ракетни фрлачи, минофрлачи и артилерија.
Во борбите меѓу владините сили и про-руските сепаратисти, кои држат делови од регионите Доњецк и Луганск, загинаа повеќе од 10.300 лица од април 2014 година. Прекинот на огнот не се одржува, иако е дел од договорите од Минск со цел да се реши конфликтот. Нов прекин на огнот беше договорен за време на празниците, кој требаше да започне на полноќ меѓу 22 и 23 декември.