Димовски – Останувам во ВМРО-ДПМНЕ, не е добро да има само еден кандидат

Илија Димовски

Пратеникот Илија Димовски, кој е еден од предлагачите за одложување на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, пред седницата на Централниот комитет на партијата, рече дека останува во партијата иако неговото барање за одложување на конгресот не беше прифатено од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Останувам во ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш може да има различни мислења во партијата. Тоа мора да го научиме“, рече Димовски пред почетокот на седницата на Централниот комитет.

Запрашан за коментар за тоа дека Мицкоски е единствен кандидат, Димовски изјави дека тоа не е позитивно за партијата, без да каже дали ќе учествува на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово.