Британија ќе ѝ помага на Полска во борбата против руската пропаганда

Британската премиерка Тереза Меј и полскиот премиер Матеуш Моравјецки во Варшава

Велика Британија и Полска денеска, за време на посетата на британската премиерка Тереза Меј на Варшава, потпишаа меморандуми за сорабока во одбраната и безбедноста, а беше претставен и заеднички план за борба против руската пропаганда во Централна и Источна Европа во кој Велика Британија вложува пет милиони фунти. Таков меморандум Велика Британија има само со Франција.

Меморандумот го потпишаа министрите за одбрана Гевин Вилијамсон и Антони Мечеревич.

Британската премиерка, која во Варшава допатува во клучните министри, на разговорите со полскиот премиер Матеуш Моравјецки се обврза дека ќе им помогне на Полска и на посткомунистичките земји во борбата против руската пропаганда, јавуваат полските медиуми.

Одамна договорената средба доаѓа во незгоден момент, само еден ден откако Европската комисија го активираше казнениот член седум од европскиот договор против Полска, кој може да доведе до суспендирање на правото на глас на Варшава во ЕУ.