Автомобил удри во пешаци во Мелбурн, неколкумина повредени

Мелбурн, 21.12.2017.

Австралиската полиција уапси две лица откако со нивниот автомобил удриле во пешаци во Мелбурн, при што биле повредени најмалку 13 луѓе. Полицијата не беше во можност веднаш да ја потврди причината за инцидентот или дали бил поврзан со тероризам. Во јануари во сличен инцидент во Мелбурн загинаа шест лица. Полицијата соопшти дека инцидентот не бил поврзан со тероризмот.