Избори во Каталонија

Барселона, архивска фотографија

Во шпанскиот регион Каталонија денеска на избори граѓаните решаваат дали ќе ги поддржат партиите кои се за независност. Нивниот обид за сецесија од Шпанија пред неколку месеци заврши со сменување на регионалните власти, воведување директна управа од Мадрид и вонредни избори. Анкетите покажуваат дека каталонците се поделени на оние што сакаат независност и на оние што се за останување во Шпанија. Аналитичарите укажуваат дека постои и неизвесност за одѕивот на гласачите, бидејќи една четвртина од гласачкото тело се уште е неопределена. Каталонија на први октомври одржа референдум за независност и покрај противењето на централните валсти во Мадрид. Сменетиот лидер Карлес Пучдемон од Брисел је водеше кампањата за денешните избори.