Трамп разговараше со узбекистанскиот претседател Мирзијаев

Архива: Претседателот на САД Доналд Трамп.

Претседателот на САД Доналд Трамп телефонски разговараше со узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијаев за безбедноста во Централна Азија, како и за изгледите за поблиски врски.

Белата куќа соопшти дека целта на разговорот е да „дискутираат за регионалната безбедност и да ги истражат можностите за подобрување на соработката.

Трамп ги истакна „реформските напори на „Узбекистан“, со кои ќе се создадат услови за зголемување на трговијата и зголемување на безбедноста против заканите од тероризмот, соопшти Белата куќа.