Денеска е закажано рочиште за случајот „Сопот“

Архива: Адвокатите и обвинетите во предметот Сопот пред Основен Суд Скопје 1

Во Кривичниот суд денеска е закажано рочиште за случајот „Сопот“ во кој десет лица се обвинети за тероризам. Случајот е од 2003 година кога загинаа двајца полски и еден македонски државјанин, откако теренско возило на НАТО згази на мина.

Во случајот десет лица се обвинети за тероризам, односно дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот. Основното јавно обвинителство во јули оваа година предметот „Сопот“ му го предаде на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), откако во јавноста беа објавени разговори на функционери поврзани со случајот.