Петровски: Ако се одржи Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ тој ќе биде нелигитимен

Филип Петровски

Филип Петровски, член на ВМРО-ДПМНЕ, кој најави дека ќе се кандидира за претседател на партијата, изјави за телевизијата Телма дека целосно ги поддржува предлозите на група истакнати членови за нефаворизирање на кандидат за претседател, за одложување на Конгресот и за колективно претседателство на партијата. Според Петровски, фаворизираниот кандидат е генералниот секретар Христијан Мицковски и тој нема поддршка од членството на партијата, а доколку се одржи Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ викендот во Валандово тој ќе биде нелигитимен.