Вучиќ се сретна со Путин во Москва

Москва-средба на претседателите на Србија и на Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Москва се сретна со неговиот домаќин, рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата оценија дека политичката и економската соработка меѓу двете земји може да се подигне до највисоко ниво.

Пред почетокот на состанокот во Кремљ, Путин рече дека тоа е прва посета на Вучиќ од кога стапил на функцијата претседател. Тој оцени дека Русија и Србија имаат добри односи со долга историја и од времето кога Вучиќ беше премиер и дека се надева оти така ќе било и во иднина. Според Путин односите меѓу двете земји се развиваат особено во економијата односно порастот на трговската размена и директните инвестиции.

Вучиќ, пак, на руски јазик му посака на својот колега победа на претседателските избори кои треба да се одржат во март идната година. И тој оцени дека двете земји успеале да ја подобрат трговската размена.