Советот на Град Скопје го усвои Предлог буџетот за 2018 година

Архива: Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Советот на Град Скопје на денешната трета седница го усвои Буџетот на градот за 2018 година кој ќе изнесува 6,2 милијарди денари, околу 100 милиони евра, што е за десет проценти помалку во однос на оваа година.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната седница истакна дека предложениот буџет за следната година е сублимат на веќе започнати проекти што ќе значат здрава животна средина, подобрување на инфраструктурата и подобри сервисни услуги за граѓаните.

„Парите наменети за секторот за животна средина во 2018 година се речиси трипати повеќе од оние предвидени со сегашниот буџет“, рече Шилегов.