СЈО отвори седум нови истраги против 17 лица

Прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство. 19.12.2017

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска на прес-конференција соопшти дека отворило седум нови истраги против 17 лица осомничени за злоупотреба на службена положба, измама во службите и други кривични дела. Истрагите се со кодни имиња „Странски служби“, „Друмарина“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа“ и „Транспортер 2.“