Судот во Солун утре ќе одлучува за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски

Архива: Горан Грујевски пред Основен суд Скопје 1.

Судењето за барањето екстрадиција на поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во МВР Никола Бошкоски ќе продолжи утре во Солун, откако минатата недела беше прекинато поради истекот на временскиот период предвиден за рочиштето.

Тие се обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, а рочиштето на 13 декември во Солун се одвиваше зад затворени врати, по барање на грчките адвокати.

Грујевски и Бошковски се во притвор во близина на Солун. Ним им се суди во солунскиот суд и за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на 18 октомври годинава на аеродромот во Солун, кога се обидоа да заминат за Будимпешта.