Жолт автомобил плови по Вардар

Жолто возило од марката Нисан Јуке паднало во водите на реката Вардар.

Жолто возило од марката Нисан Јуке плови по водите на реката Вардар. Возилото се наоѓа меѓу Камениот мост и мостот Око. Пожарникарите се наоѓаат на местото на настанот и ќе се обидат да го извлечат автомобилот од водата. Се уште не се знае дали има повредени патници од возилото, на местото присутна е и амбулантна кола. Непознато е и како се нашол автомобилот во Вардар.