Димитров: Раговорите за името ќе продолжат по празниците

Архива: Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

По подолга пауза од три години имавме прва средба на преговарачите со медијаторот Нимиц, следната средба е догооврено да биде по празниците во јануари така што не би требало да се очекува некакво посебно случување во периодот на празниците, изјави министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто кој се наоѓа во посета на Македонија.

„Поставена е сцената, процесот е отпочнат, динамиката е воспоставена, меѓутоа нема ништо поново да се случи додека траат празниците, рече Димиторв.