Двајца дански новинари од магазинот Нејшнал џеографик биле избодени со нож во главниот град на Габон, Либертсвил, а еден е во критична состојба, соопшти габонската влада. Министерот за одбрана Етијен Масард Макага изјави дека 53-годишниот напаѓач брзо бил уапсен и дека за време на нападот извикувал Алаху акбар(Господ е голем). Напаѓачот ѝ рекол на полицијата дека ги нападнал новинарите во знак на одмазда поради американските напади врз муслиманите.
Новинарите биле нападнати на пазар во главниот град, кој е популарен меѓу туристите.
Ова е прв ваков напад во оваа западноафриканска земја во која нема големи проблеми меѓу христијаните и муслиманите.