Судот го прифати обвинението за случајот „Титаник 2“

Архива - Основен суд Скопје 1 - Скопје.

Советот за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд го прифати обвинението за случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности во кој за злоупотреба на службена положба и овластување обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковки, како и актуелниот член Сашо Срцев, потврдуваат од СЈО пренесува МИА.

Прифатен е и обвинителниот предлог за Сашо Мијаклов за кривично дело примање награда за противзаконито влијание.

Судот не го прифатил обвинителниот акт против петмината судии од Управниот суд Билјана Никодиновска Петревска, Лидија Ивановска, Благородан Арангелова, Анета Џигерова и Газменд Фејзули, кои исто така беа осомничени за изборни нерегуларности, а СЈО изутрината поднесе жалба за ваквата одлука на судот.

Во случајот „Титаник 2“, како што претходно одлучи судот, докази ќе бидат и снимките од прислушуваните разговори.