Седницата на Комисијата за имунитетот на осомничените пратеници

претседателот на Собранието Талат Џафери

На денешната седница на собраниската Комисија за деловничко и мандатно-имунитетни прашања треба да се расправа за барањата за одземање имунитет на шестмина пратеници кои се осомничени за учеството во насилствата на 27 април во Парламентот. Од Собранието на РМ соопштија дека согласно член 53 став 5 од Деловникот на Собранието на Македонија, претседателот на Собранието Талат Џафери, ги достави до Комисијата барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција од 28 ноември 2017 година. Пред одлуката за доставување на барањата до Комисијата, преседателот на Собранието Џафери оствари средби со премиерот Зоран Заев и Лидерот на ДУИ Али Ахмети.