Итен состанок на Советот за Безбедност на ОН за Северна Кореја

Седница на Советот за безбедност на ОН

Денеска ќе биде одржан итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за Северна Кореја откако таа земја истрела интерконтинентална ракета. Состанокот е свикан по барање од САД, Јапонија и Јужна Кореја. Пјонгјанг вчера лансира балистичка ракета која летала околу 1000 километри и паднала во Јапонско море. Јапонскиот премиер Шинзо Абе рече дека станува збор за акт на насилство кој не може да се толерира. Американскиот секретар за одбрана Џим Матис пак изјави дека со последното лансирање Северна Кореја го загрозува светскиот мир.