Владиката Наум - ако брзо се реши спорот со Грција, БПЦ ќе сфати што пропуштила

. Governments in both countries held a joint session and signed co-operation agreements.

Струмичкиот митрополит Наум во анализата објавена во бугарската агенција БГНЕС еден ден пред БПЦ да го разгледува писмото од МПЦ и барањето таа да стане нејзина мајка-Црква вели:

“Барањето на МПЦ да ја прифати БПЦ како „мајка Црква“, како услов за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, е барање кое со години наназад го слушаме од некои бугарски архиереи. Ова барање МПЦ го смета за нормално, логично и потребно, затоа што некоја Црква и така мора да се јави како „мајка Црква“, која ќе не извлече од изолацијата што ни е наметната од СПЦ и која, потоа ќе не заштитува, застапува и претставува пред Вселенскиот Патријарх и останатите православни цркви, истакнува владиката Наум.

МПЦ-ОА, како што се наведува во анализата е канонски независна, слободна и црква која не е под ничија канонска јурисдикција, а својата самостојност МПЦ-ОА ја добива со Одлуката на СПЦ од 1959 година.

Според него, воспоставување на евхаристичката заедница меѓу БПЦ и МПЦ-ОА е природна последица дури и на „Договорот за пријателство и соработка меѓу Бугарија и Македонија“ и е во согласност со евроатлантските интеграциски процеси кон кои се стреми Македонија со помош на Бугарија.

Во случај на брзо решавање на спорот што Грција го има со нашето име сигурно ќе се реши и статусот на МПЦ, а БПЦ дури тогаш ќе сфати што, пред Бог, пропуштила, пишува владиката струмички Наум во анализата за БГНЕС