Во оружена престрелка што се случила синоќа околу 22:30 часот во скопската населба Чаир едно лице е починато, а едно е тешко повредено.
На лице место починал И.А. од село Блаце, а тешко повреден е Љ.Ќ., кој живеел недалеку од местото на инцидентот, потврдија за МИА од МВР.
Повредениот Љ.Ќ. е пренесен со тешки повреди во болница.