САД ги повикаа балканските земји да изградат подобра иднина

Американските власти ги повикаа „балканските земји и народи“ заеднички да работат на изградба на подобра иднина, како реакција на пресудата на поранешниот командант на Војската на Република Српска Ратко Младиќ, кој првостепено е осуден на доживотна затворска казна. „Вашингтон ја „поддржува важната работа на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и ги почитува неговите одлуки“, изјави неименуван портпарол на Стејт департментот, пренесуваат американските меидуми. „Ќе продолжиме да оддаваме почит на жртвите на ужасните злосторства направени на тлото на поранешна Југославија, додал портпаролот и повикал да се избегнува „секаква реторика која раздвојува“. Хашкиот трибунал го осуди на доживотен затвор Ратко Младиќ под обвинение за геноцид и злосторства против човештвото.