Младиќ отстранет од судницата на Хашкиот трибунал

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Поранешниот воен командант на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, беше отстранет од судницата во Хашкиот трибунал, откако без дозвола од судијата почна да вика „Лаги“ и да му се противи на судот, кој во моментов ја изрекува пресудата против него. Претходно имаше непредвидено долга пауза во која на Младиќ му бил измерен притисокот, по што одбраната, со образложение дека има висок притисок, побара прекинување на изрекување на пресудата или да се прескокне читањето на образложението и веднаш да се соопшти пресудата.