Денеска пресуда на Ратко Младиќ

поранешниот воен командант на босанските срби генерал Ратко Младиќ

Хашкиот трибунал денеска ќе му изрече пресуда на поранешниот воен командант на босанските срби генерал Ратко Младиќ. 73 годишниот Младиќ е обвинет за геноцид во Сребреница, прогон на Муслиманите и Хрватите во Босна и Херцеговина, терор врз населението на Сараево со долгогодишното гранатирање и земање припадници на УНПРОФОР за заложници. Судењето на Младиќ почна во мај 2012 година откако тој кон крајот на мај 2011, по 16 години бекство беше уапсен во Србија и израчан на Хаг. Во завршниот говор во декември лани обвинителите побараа Младиќ да биде прогласен за виновен и да добие доживотен затвор. Во првото појавување пред Трибуналот Младиќ одби да се изјасни за вината, а судијата во согласност со правилата, во записникот внесе дека обвинетиот не се чувствува виновен.