Кривичниот суд ги прифати обвиненијата за „Тарифа“ и „Траекторија“

Градежни активности на автопатот Миладиновци - Штип на 22 мај 2017

Скопскиот Кривичен суд ги прифати обвиненијата за случаите „Тарифа“ и „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство. Судските рочиштата за овие два случаи, како што потврдија за МИА од СЈО, дополнително ќе бидат закажани.

Во случајот „Тарифа“ опфатени се седум лица поради постоење основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба во постапка за јавна набавка на софтвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ.

Осомничените со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот Договор за јавна набавка е над четири милиони евра, а причинетата штета изнесува 456 илјади евра.

Во „Траекторија“, пак, обвинети се четири поранешни високи владини функционери за автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Тие се обвинети дека ги искористиле и пречекориле своите овластувања со што му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Миле Јанакиески и Владимир Пешевски за тендери