Тевдовски: Прогресивно оданочување од 2019-та

Од 1 јануари Владата планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари.

Со зголемување на акцизата и ДДВ-то, цената на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари. Ова го сооппшти министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната јавна дебата на која се претставува Предлог-буџетот за 2018 година.

Причина за зголемување на акцизата, како што рече Тевдовски, се ЕУ- препоракаите за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

За прогресивното оданочување, Тевдовски рече дека ќе почне од јануари 2019 година, бидејќи нема време целата реформа да почне да се имплементира од јануари 2018 година.

Се планира сите законски решенија за воведување на прогресивниот данок да бидат готови до средина на наредната година, рече Тевдовски.