Руски поп обвинет за подведување во Белорусија

Градот Витсебск во источна Белорусија

Рускиот православен свештеник Николај Кирејев, обвинет за обид за подведување и за трговија со луѓе, денеска треба да биде изведен пред суд во Белорусија. Белорускиот истражен комитет во градот Витсебск на истокот на земјата претходно соопшти дека судењето ќе биде затворено за јавноста.

Попот е обвинет дека се обидел да земе две Белорусинки во Русија за да работат како проститутки. Тој беше уапсен во август.

Истражителите соопштија дека една 19-годишна Таџикистанка веќе е осудена за вмешаност во делото и веќе отслужува петгодишна затворска казна.

На товар на 39-годишниот поп му се става „обид да извлече полза од проституција“, како и „вмешаност во превоз на лица надвор од земјата за проституција“. Ако биде осуден, свештеникот може да добие до 10 години затвор.

По апсењето, Руската православна црква соопшти дека на Кирејев ќе му биде забрането да служи во црквите сè додека случајот не се реши.