Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура од три до девет, а дневната од 23 до 28 степени. Во Скопје ќе биде малку до умерено облачно со слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 26 степени.