Осветлувањето на Ајфеловата кула во Париз ќе биде исклучено вечерва по полноќ во знак на почит за жртвите од нападот во Могадишу во кој загинаа повеќе од 300 луѓе, информира градоначалникот на Париз, Ан Идалго.
Бројот на загинати во експлозијата на камион-бомба во главниот град на Сомалија, Могадишу, надмина 300, а уште толку се повредени.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот, а властите се сомневаат дека зад него стои екстремистичката организација Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда и често изведува бомбашки напади во земјата.
Ајфеловата кула, која е симбол на Париз, често ги гаси светлата во знак на солидарност со некоја земја.