Кандидатот на СДСМ Стефан Богоев прогласи победа во првиот круг на локалните избори во Општина Карпош. Тој најави ревизија на финансиското работење на општината и на спорните детални урбанистички планови.
Досегашниот градоначалник Стевче Јакимовски ГРОМ, кој е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, му ја честиташе победата на Богоев.
Јакимовски најави дека неговата партија ќе остане присутна во политиката и во општина Карпош.