Продолжено гласањето во едно избирачко место во Крива Паланка

Илустрација: Гласање

Во избирачкото место 0951 во населбата Баглак во Крива Паланка поради технички проблеми гласањето ќе биде продолжено за еден час, информираат од ОИК.

„Две ливчиња за градоначалник се повеќе, па поради тоа имаше прекин во гласањето од еден час, за колку што и ќе биде продолжено времето за гласање. Извршивме увид како општинска изборна комисија, гласањето се одвива непречено, а известена е и ДИК“, информира Душко Арсовски, претседател на ОИК Крива Паланка.

На ова избирачко место на кое има регистрирано 901 избирачи, гласањето ќе трае до 20 часот.