Излезноста на гласањето до 17 часот на територија на Република Македонија, според податоците што ги објави ДИК, изнесува 49,14 проценти.
На територија на Град Скопје излезноста е 50,58 проценти.
Највисока излезност на ниво на Македонија има во Вевчани од 72,05 проценти, а највисока во Скопје во општина Гази Баба од 58,02 проценти. Најниско ниво на излезност во Македонија има во општина Маврово-Ростуше со 31,19 проценти, а најниска на ниво на Скопје во Шуто Оризари 33,83 проценти.
На парламентарните избори во декември минатата година излезноста до 17 часот беше над 60 проценти, а на претходните локални избори во 2013 година, излезноста до 17 часот беше нешто помалку од 58 отсто.