Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој денеска пристигнува на дводневна официјална посета на Србија, заедно со својата голема делегација, составена од 185 бизнисмени и осум турски министри, ќе биде штитен од најмалку 50 лични телохранители.
За време на посетата во Србија за турскиот претседател ќе се грижат и 3.000 српски полицајци.
Анкара пред десетина денови испрати стручни лица во Србија, со цел да ги проверат сите локации, каде ќе помине турскиот претседател.