Лидерот на Каталонија вели дека ЕУ им сврти грб на Каталонците

Тензии пред референдумот во Каталонија

Забраната на референдумот за независност на Каталонија ја зголемува поддршката на граѓаните да гласаат на начин што европските институции нема да можат да го игнорираат, изјави каталонскиот претседател Карлес Пучдемон во интервју за новинската агенција Асошитед прес. Тој ја критикуваше Европската комисија, наведувајќи дека Брисел намерно не ја слуша желбата на Каталонците да гласаат на референдумот. Според него, тоа што Брисел не ја осуди забрната на шпанските власти за одржување на референдумот покажува дека ЕУ и свртела грб на Каталонија. Ниту една земја членка на Унијата отворено не го поддржа референдумот за независност на Каталонија закажан за 1 октомври, а кој шпанските власти го сметаат за нелегален.