Премиерот Зоран Заев во Њујорк се сретна со комесарот за преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, кој порачал дека Владата треба да продолжи да работи демократски на започнатите реформи и оти тоа што ќе го постигнете е важно за песпективите на вашата држава и за целиот регион.
Тој, како што соопшти службата за информирање на Владата, ги оценил иницијативите на македонската Влада за добрососедство и регионална соработка како корисни во процесот на интегрирање на целиот Западен Балкан во евро-атлантските интеграции.
Заев потенцирал дека Македонија наесен очекува отстранување на условеноста на препораката, а потоа и датум за преговори.