Словачка донираше чизми за македонската полиција во вредност на карузелот

Карузелот во центарот на Скопје беше поставен во 2013 година

Илјада и петстотини пара чизми во вредност од 113 илјади евра добија денеска македонските полицајци како донација од Владата на Словачка.

Донацијата беше предадена денеска во касарната во Ѓорче Петров, каде се распоредени припадниците на Единицата за брзо распоредување, од страна на словачкиот амбасадор Мартин Безак, а во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки.

„Оваа донација од 1.500 чифта е во вредност од 113 илјади евра. Не сакам да звучи цинично ама тоа е отприлика вредноста на онаа вртелешка, оној карузел на кејот на Вардар“, рече словачкиот амбасадор.

Безак го замоли Спасовски некои од овие чизми да ги добие граничната полиција. Словачките полицајци им помагаат на македонските колеги во обезбедувањето на јужната граница од мигрантите.

Безак потсети дека во 2015 година во екот на мигрантската криза словачки железници им обезбедиле на македонски железници осум патнички вагони за транспорт на мигранти од јужната границата до Србија.