Еврокомесарот Хан во Белград на разговори со Вучиќ

Еврокомесарот Јоханес Хан и претседателот на Србија Александар Вучиќ на средба во вилата Мир во Белград, 08.06.2017.

Комесарот за преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан на денешните разговори во Белград со српски официјални претставници, како што е најавено од мисијата на Унијата во Белград, ќе ја пренесе приврзаноста на ЕУ на евроинтегративниот просец на Србија и на спроведувањето на неопходните реформи. „Посетата на Хан на Белград е да ја потврди европската перспектива на Србија и на Западен Балкан“, се додава во соопштението. Хан најпрвин ќе се состане со претседателот Александар Вучиќ, а потоа и со премиерката Ана Брнабиќ и со шефот на дипломатија Ивица Дачиќ.