Тачи му го додели мандатот за формирање на влада на Харадинај

Архивска фотогтафија-мандаторот за состав на новата влада на Косово Рамуш Харадинај

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска му го додели мандатот за формирање на влада на кандидатот на коалицијата ПАН, Рамуш Харадинај, со што завршува блокадата што беше создадена по изборите на 11 јуни.

"Го прифатив предлогот на победничката коалиција на изборите, која обезбеди мнозинство гласови во Парламентот, за одредеување мандатор за формирање нова влада. Врз основа на моите уставни надлежности мандатот му го врачив на Рамуш Хараднај, што беше предлог на оваа коалиција", напиша Тачи на Фејсбук.

Новата коалициска влада ќе ја сочинуваат партиите од коалицијата ПАН (Демократската партија, Алијасата за иднината на Косово и Иницијатива за Косово), Алијасата за Ново Косово, Српска листа, како и Турската партија, која е дел од пратениката група на немнозинските етнички заедници. Како што соопшти Кадри Весели, по изборот за прв парламентарец гласањето за новата влада ќе биде в сабота.