Партиски обвинувања за состојбата во здравството

Илустрација - Клинички центар во Скопје, државна болница.

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска за починатите бебиња. Од партијата соопштуваат дека на Гинекологија владее хаос, а граѓаните секојдневно се сведоци на трагични вести и загубени животи. Од партијата го обвинуваат и министерот за здравство Арбен Таравари за негрижа и несоодветни политики.

СДСМ реагира дека ВМРО-ДПМНЕ оставило хаос во здравството, а дека актуелната Влада работи на санација на штетите. Од партијата наведуваат дека наместо модернизација на здравството, со расипничкото и криминално трошење на парите ВМРО-ДПМНЕ ги оставило клиниките во долгови, без основни услови, со дефицит на специјалисти, кровови што протекуваат и со неупотреблива опрема.